Сенегал со пресврт му пресуди на Судан во осминафиналето на Африканскиот куп на нации

Репрезентативците на Сенегал триумфираа со 3-1 против Судан во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

Судан го шокира фаворитот преку Амир Абдалах, кој погоди за предност од 1-0 во шестата минута, но тоа го налути Сенегал.

Сенегал возврати до крајот на првиот дел со два гола на Папа Геј за предност од 2-1, додека конечниот резултат го постави Ибрахим Ембаје во 77. минута.