Палмер се врати и беше најдобар на мечот - има порака до фановите!

Кол Палмер кој беше најдобар во Челси минатата сезона, оваа се мачи со повреди, конечно почна еден меч и беше прогласен за играч на натпреварот.

Тој го отвори резултатот на натпреварот меѓу Челси и Евертон кој заврши 2-0, а покрај голот и севкупно беше одличен на теренот, па заслужено го доби признанието.

Но, Палмер вели дека најдоброто од него допрва ќе дојде и ќе станува се подобар и подобар.

„Не би рекол дека сум на моето најдобро ниво. Уште се справувам со една повреда. Се надевам дека ќе бидам подобар и подобар, но има уште малку“, вели Палмер.

„Ситуацијата станува подобра. Но мора да бидеме претпазливи“.