Хофенхајм лесно се справи со Хамбургер
За домаќините ова е триумф по поразот од Борусија Дортмунд во минатото коло, а до него стигнаа со по два гола во двете полувремиња. Интересно е и што сите беа постигнати од разлчни стрелц, единствениот гол за гостите беше дело на Рајан Филип.
Со оваа победа Хофенхајм сега има 26 бода и се наоѓа на четвртото место, додека Хамургер со 15 е на две позиции над опасната зона.
На останатитее средби, Ајнтрахт со 1-0 го победи Аугусбург, Волфсбург на гости беше подобар од Борусија Менхегладбах, а Сент Паули славеше над Хајденхајм со 2-1.