Наинголан жестоко по екс-селекторот: Ужасен беше, знаеше да каже само - додај на Азар или Де Брујне!
Според зборовите на Наинголан, Белгија со тоа што имала селектор како Мартинез пропуштила да ја искористи златната генерација за која е убеден дека поседувала квалитет да освојува титули. Мартинез селектор на Белгија беше шест години од 2016 до 2022 година.
„Не направивме успех каков што можевмее да имаме, но не бев јас проблемот. Марк Вилмотс (претходниот селектор) не ме стави во почетниот тим на ЕП 2016, иако играв во одлична форма. Потоа дојде Мартинез и ме исфрли без објаснување. Тој е многу лош тренер, измислуваше глупави причини. Ако Белгија вложеше повеќе во подобар селектор, можеше да освојува трофеи“, изјави Наинголан.
Како што вели Наинголан, Мартинез се потпирал само на Де Брујне и Азар.
„Кога и да беше тешко секогаш знаеше да каже само додај на Азар , додај на Де Брујне...се надеваше дека секогаш тие ќе можат нешто да направат. Тоа беше неговата тактика“, зборуваше Наинголан.
Во меѓувреме Матинез по заминувањето од Белгија ја презема Португалија каде што исто така работи со големи ѕвезди, меѓу кои и Кристијано Роналдо.