Трагедија ја потресе Србија: Излета комбе со џудисти, едно дете загина!

Трагедија ја погоди Србија каде што денеска при враќање од турнир во Азербејџан се превртело комбе со џудисти на тимот на Партизан, а во несреќата животот го загубило едно дете на 16-годишна возраст.

Според информациите на српските медиуми возилото „опел виваро“ со белградски таблички од засега непознати причини ја пробило заштитната ограда по минување на наплатна рампа и излетало во каналот покрај патот.

Во несреќата седум деца се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во Институтот за здравтвена заштита. Исто така и возачот бил примен на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Војводина.

Сите деца во комбето биле на возраст од 13 до 16 години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)