Комедија во ПМФЛ: Голманот на Башкими сам си ја погоди мрежата (ВИДЕО)

Попладнево во натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Башкими го видовме еден од најкомичните погодоци сезонава во ПМФЛ, а виновник беше голманот на кумановскиот состав, Лука Стојкоски.

Фудбалерот на „лавовите“, Пецов се обиде веројатно да нафрли од десната страна, но топката по лошата реакција на голманот Лука Стојкоски заврши во неговата мрежа.