Конте брзо реагира, Де Брујне сака да го замени со фудбалер на Реал!
„Скај Спорт“ пренесува дека Антонио Конте сигурно ќе доведе засилување на оваа позиција во јануарскиот преоден рок, а веќе се појави и едно име.
Дани Себаљос не е стандарден во Реал Мадрид со Алонсо и речиси да не добива шанса, пред него шпанскиот стратег ги користи: Чуамени, Камвинга, Валверде, Ѓулер и Белингем.
Себаљос летово одби да се врати во Бетис и веруваше дека ќе добие шанса по заминувањето на Модриќ, но тоа не се случи. Поради тоа Наполи и за него би можел да биде клуб по мерка.
Фото: SSC Napoli