Серафимов: Се надевам дека ова нема да ми биде последен гол за Левски
Софискиот тим, кој е лидер во првенството, триумфираше со 3-0 и обезбеди пласман во следната фаза од ова натпреварување. Серафимов ги одигра сите 90 минути и беше играчот кој го отвори резултатот по само три минути игра.
„Многу сум среќен што го постигнав првиот гол за Левски, а уште посреќен сум што тоа го направив во Купот на Бугарија. Знаевме дека нема да биде лесно, но тренерот бараше од нас да влеземе максимално сконцентрирано во натпреварот. Се надевам дека и во иднина ќе му помагам на тимот и дека ова нема да ми биде последен гол за Левски“, изјави Серафимов по натпреварот.
Денешниот меч беше само втор за него откако летоска дојде во Левски. Минатиот месец одигра еден натпревар во првенството и мораше да чека многу време за повторно да добие шанса.