Тудор замина, Јувентус почна да победува - прекината е серијата без триумф! (ВИДЕО)

Јувентус во денешниот меч со Удинезе влезе по серија од осум меча без победа во сите натпреварувања, бјанконерите конечно се израдуваа на триумф откако славеа со 3-1.

Јуве уште на самиот старт доби пенал кој го реализираше Влаховиќ за водство од 1-0, но пред самиот крај на првото полувреме Заниоло изедначи на 1-1.

Тој резултат беше актуелен до 67. минута кога Гати со глава реализираше за водство на Јувентус од 2-1.

Во судиското продолжение Јувентус доби уште еден пенал, овојпат Јилдиз погоди од белата точка за конечни 3-1.

На денешниот меч Јувентус го водеше Масимо Брамбила, а деновиве се очекува раководството да го именува и вистинскиот наследник на Игор Тудор.

Во овој термин се одиграа уште два меча од Серија А, Рома со 2-1 славеше над Парма, Комо со 3-1 беше подобар од Верона.