Интер им се врати на победите, Фиорентина и по девет кола не знае за радост! (ВИДЕО)

По поразот од Наполи во претходното коло, Интер вечерва славеше со убедливи 3-0 над Фиорентина која никако да дојде до првата победа во Серија А оваа сезона.

Интер долго време го кршеше отпорот на виолетовите, конечно во 66. минута Чалханоглу погоди за водство од 1-0, потоа беше полесно.

Само пет минути подоцна Сучиќ даде гол за 2-0, а во финишот Чалханоглу уште еднаш погодок за конечни 3-0, овој погодок му беше од пенал.

Кремонезе со 2-0 славеше на гостувањето кај Џенова, а немаше погодоци на дуелот меѓу Болоња и Торино.