Нов шок за Ливерпул - го исфрлија од Лига Купот! (ВИДЕО)

Кризата на актуелниот англиски шампион се продлабочува, овојпат доживеаа пораз во Лига Купот откако со 0-3 беа поразени од Кристал Палас и тоа на Енфилд.

Ливерпул реди порази во Премиер лигата, но денеска фановите на црвените доживеаа и куп разочарување, елиминирани се од Лига Купот.

Слот одлучи на овој меч да настапи со втор тим, им даде одмор на речиси сите стартери, а тоа го чинеше загубен меч.

Два гола беа постигнати во финишот од првото полувреме, двоен стрелец за Кристал Палас беше Сар. Во финишот од мечот конечните 3-0 за Кристал Палас ги постави Пино.

За разлика од Ливерпул, другите фаворити кои настапија вечерва немаа проблеми и ја минаа оваа пречка.

Арсенал со 2-0 го совлада Брајтон со голови на Нванери и Сака.

Манчестер Сити со 3-1 беше подобар од Свонси на негов терен, погодоците беа дело на Доку, Мармуш и Черки.

Гостински триумф забележа и Челси кај Вувлс со 4-3. Андре Сантос, Џорџ, Естевао и Гитенс беа стрелци на головите за сините.

Во дербито на денот Њукасл со 2-0 го совлада Тотнем.