Јанта Волеј испиша историја, ќе игра финале за влез во Лига на шампиони!
Босанскиот тим како поискусен влезе како фаворит во пресметката со Јанта Волеј, но одбојкарките на македонскиот шампион одиграа фантастично во двата натпревари и заслужено се радуваат на голем успех.
Денешниот меч го почнаа одлично, го добија првиот сет со 26-24 и му покажаа мускули на Гацко, босанките одговорија во следните два сета добивајќи ги со 25-21 и 25-19 со што направија пресврт и поведоа со 2-1.
Но, нашите одбојкарки не се предадоа, четвртиот сет го добија со убедливи 25-18, а петтиот решавачки со 15-13 и славјето можеше да почне.
Последна пречка за влез во Лигата на шампионите ќе им биде францускиот тим Ла Кане.