Скопје вечерва беше центар на ракометна Европа - се собраа легендите! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ се случуваше спектакл, Македонците и странците кои оставија белег во македонскиот спектакл се собраа на едно место и одиграа ревијален натпревар по повод 20 години од „Спортското радио 90,3 ФМ“.

Фановите кои речиси ја исполнија салата се потсетија на едни романтични ракометни денови, на теренот продефилираа играчи од различни генерации, но сите и тоа како познати на македонската публика.

Тренери беа некогаш големите ривали Лино Червар и Веселин Вујовиќ, а од ракометарите настапија легенди како Пепи Манасков, Лазаров, Диви, Стоилов, Штербик, Кањељас, Вугринец, Карачиќ, Хорват, Чупиќ, Миркуловски, Царчев, Шишкарев, Џамбо... правдата ја делеа и нашите легендарни судии Драган и Маријан Начевски.

Екипите беа поделени на македонски ракометари и странци, а натпреварот заврши нерешено 30-30.