Убедлив пораз на Форца на стартот од Лигата на шампионите
Форца како освојувач на квалификацискиот турнир кој се одржа во Македонија се пласираше во главната фаза од Лигата на шампионите, но во првото коло почувствува дека не е едноставно да се игра на ова ниво.
Тимот на Хит беше многу подобар противник и доминираше од самиот почеток, па до крајот за да дојде до убедлива победа од 10-2.
Следен противник на Форца ќе биде Силико од Словенија.