Баварската машинерија не застанува, победа во Келн со два гола на Кејн! (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше убедлива победа во Купот на Германија со 4-1 на гостувањето кај Келн, за Хари Кејн нема одмор, беше стартер и на овој меч и постигна два гола.

Баварците играат моќно на сите фронтови на почетокот од сезоната, денеска својата сила ја покажаа и во германскиот куп.

Келн го отвори резултатот со гол на Аче во 31. минута, но тоа само како да ги налути Баварците кои брзо покажаа кој е кој на овој меч.

Веќе во 36. минута Луис Диаз израмни на 1-1, а две минути подоцна Кејн го сврте резултатот, Баерн поведе со 2-1.

Во второто полувреме голови дадоа Кејн и Олисе за победа од 4-1.

Во другите поинтересни мечеви од германскиот куп, Шалке со 0-4 беше поразен на гостувањето кај Дармштад, гостинска победа забележа и Штутгарт кај Мајнц од 2-0, Леверкузен со 4-2 славеше кај Падерборн.