Муарем Муарем веќе не е тренер на Башкими!
По денешното реми од 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, Башкими соопшти дека Муарем Муарем повеќе не е тренер на првиот тим, со него заминува и помошникот.
Од 11 одиграни меча Башкими собра 19 бодови, има пет победи, четири нерешени и само два порази, се наоѓа на петтото место на тебалата.
Во наредните денови се очекува раководството да го соопшти името на новиот тренер.