Очајната прва четвртина му пресуди на Пелистер на Кипар
Битолскиот тим во ниеден момент не беше конкурентен на овој меч и уште по првата четвртина во која поранешниот вицешампион на Македонија играше како без одбрана. Во тие десет минути Пелистер прими 39 поени, безмалку исто како во цело второ полувреме и му дозволи на противникот да напрви предност од 17 разлика.
Вториот период беше далеку подобар за составот на Боро Даскаловски, во еден момент успеа да симне и на едноцифрена негатива, во третата и последната четвртина дојде и на само седум поени разлика, но не успеа да направи целосен пресврт. Дури, се чини дека добрите моменти на Пелистер повеќе беа последица на грешките на Керавнос, отколку плод на добра тактика и зрела игра.
Брејси Дејвис беше убедливо најефикасен играч на Пелистер и постигна повеќе од третина поени на својот тим (33), далеку зад него остана Митревски со 13. По три одиграни натпревари, нашиот претставник во ФИБА Европа купот има биланс од една победа и два пораза и во вториот круг ќе се обиде да избори пласман во следната фаза од европското натпреварување.