Прв гол на Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
На гостувањето кај Хебар во Пазарџик, софискиот тим славеше со 3-0, а нашиот стопер го отвори резултатот уште во третата минута. По еден изведен корнер, тој буквално ја заби топката во мрежата, а потоа го доигра целиот натпревар во кој Левски успеа да ја сочува мрежата и да обезбеди пласман во следната рунда од Купот на Бугарија.
Од доаѓањето во Левски, Серафимов не добива многу шанса, ова беше негов сам втор натпревар откако првиот го одигра на 30 септември против Ботев во Пловдив во бугарскиот шампионат. И тогаш, како сега, Левски не прими гол, но победи со 1-0.