Синер по брза постапка ја помина првата пречка во Париз

Вториот светски рекет Јаник Синер не дозволи да му се случи изненадување како на Карлос Алкараз и обезбеди пласман во третото коло од Мастерсот во Париз.

Италијанецот беше подобар со 2-0 (6-4, 6-2) од 41. тенисер на АТП листата Зизу Бергс за нешто помалку од час и половина игра. Многу време одзеде првиот сет во кој Бергс даде нешто посилен отпор и не дозволи Синер брзо да дојде до предност.

Во следната рунда, Јаник Синер ќе се сретне со Серундоло од Аргентина кој беше подобар од Кецмановиќ со 2-1.