Винисиус конечно сфати што направил: Се извинувам, им се извинувам на сите

Бразилскиот репрезентативец Винисиус јавно се покаја за глупоста што ја направи во Ел Класико кога реагираше бесно во моментите кога беше заменет и место на клупата за резервни играчи, замина право бо соблекувална.

Фудбалерот на Реал прво бурно гестикулираше кон Чаби Алонсо, потоа, според објавите во шпанските медиуми, почна да го навредува и да го пцуе тренерот за на крајот да не се ни поздрави со никого. На социјалните мрежи тој објави дека жали за сето тоа што се случило.

„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал поради мојата реакција на измената во Ел Класико. Како што лично им се извинив на соиграчите за време на денешниот тренинг, сакам истото да го направам и на сите во клубот и на претседателот. Понекогаш страста ме совладува, секогаш сакам да победам и да му помогнам на тимот. Мојата натпреварувачка природа потекнува од љубовта која ја чувствувам кон овој клубот и се што претставува тој. Ветувам дека ќе се борам секоја секунда за доброто на Реал, како што правев од првиот ден“, напиша Винисиус.

Последните три дена тој доби еден куп критики од легендите на Реал, а навивачите отворено побараа да биде продаден на крајот од сезоната за да не ја нарушува хармонијата во клубот.