Ашаданов повика 16 кошаркарки за натпреварите од квалификациите за ЕП

Предводникот на женската кошаркарска репрезентација, Алескандар Ашаданов го објави списокот на повикани кошаркарки за претстојните натпревари од квалификациите за Евробаскеетот во 2027 година.

Собирот е закажан за 10 ноември во 18:00 часот, а тренинзите ќе бидат во Скопје. Македонија во овој прозорец ќе одигрра три натпревари и тоа со Данска и Грција дома, а ќе и гостуваме на Хрватска.

Прв е натпреварот со Данска на 12 ноември, три дена подоцна ја пречекуваме Грција, додека на 18 ноември ќе се соочиме со Хрватска на гостински терен.

ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ:

1.Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург-Швајцарија)

2.Илина Селцова (Серко Уни Ѓер-Унгарија)

3.Мерит Хемпе (Сарагоса-Шпанија)

4.Александра Стојановска (Неа Јониа-Грција)

5.Матеа Николиќ (Баскет Алкамо - Италија)

6.Тијана Митрева (Баскет Алкамо - Италија)

7. Милица Николиќ (Рас-Србија)

8. Ања Начевска (Мега-Србија)

9. Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011)

10.Цветанка Димова (Баскет Кам 2011)

11.Михаела Алексовска (Крива Паланка)

12.Мартина Маркоска (Бадел 1862)

13.Ива Чолакоска (Бадел 1862)

14.Марија Николов (Бадел 1862)

15.Елена Тасевска (Вардар)

16.Јана Пислевска (Вардар)