Беше светски шампион, сега на подметнувач за пиво потпиша за седмолигаш (ВИДЕО)

Светскиот шампион со Германија од 2014 година и легенда на Борусија Дортмунд, Кевин Гробенкурц на 37 години потпиша договор со германскиот седмолигаш, Тус Еичлигхофен.

Станува збор за клуб кој е од околината на Дортмунд, па сега ќе може да продолжи да живее во неговиот роден граад.

„Рибата си избра нов рибник до крајот на сезоната 2026/2027“, стои во објавата на клубот.

На видеото исто така се гледа дека Гробенкурц договорот го потпишува на подметнувач за пиво.

Во кариерата во која најмногу се прослави во Борусија Дортмунд беше дел уште од Галатаасарај, Штутгарт, Дармштад и уште неколку клубови од пониските лиги.