Тепачите на голманот на Аеродром доживотно исфрлени од фудбалот!
Покрај суспензијата за двајцата фудбалери исто така Дисциплинската комисија го суспендираше и теренот на Беса во Слуплчане, па така во следните десет натпревари тимот ќе треба натпреварите да ги игра на друга локација.
Од федерацијата информираат и дека Беса ќе мора да плати одредена паричнаа казна.
„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот“, соопштија од ФФМ.