Адетокумпо се прошета „како на пазар“, ама судијата не виде чекори (ВИДЕО)

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо синоќа одигра одличен натпревар против Њујорк, меѓутоа една ситуација привлече големо внимание и предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Адетокумпо при еден напад направи чекори, кои би биле досудени дури и во ракомет. Тој направи пет чекори без да ја спушти топката на паркетот и потоа постигна поени за Милвоки.