Шпанска судиска легенда открива: 90 отсто од арбитрите навиваат за Реал Мадрид!
Итуралде во ексклузивно интервју за „Кадена СЕР“ откри нешто кое ќе предизвика бурни реакции во јавноста.
„Околу 90 отсто од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид, а 10 проценти за Барселона. Дали ѝ се допаѓа тоа на Барселона или не, не знам, но исто така тврдам дека околу 70 отсто од популацијата во Шпанија, со исклучок на Каталонија, навива за Реал“, вели Итуралде.
Шпанските гиганти се соочија неодамна на „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот се радуваа „кралевите“ со 2-1.