Фудбалерките до 17 години со три порази и 12 примени гола се враќаат од Хрватска

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со три порази го заврши настапот на мини-турнирот во Карловац во квалификациите за Европското првенство кое се игра наредната година.

Денеска подобра од нашата селекција на домаќинот Хрватска која славеше со 1-0, а единствениот гол за нас беше дело на Марија Круниќ во 63-тата минута.

Освен што не освоивме ниту бод, не постигнавме и гол, а примивме 12 во три натпревари. Турнирот го започнавме со пораз од Италија со 2-0, додека второто коло доживеавме дебакл од Финска со 9-0.

Европското првенство наредната година ќе се одржува во Северна Ирска.