Преговорите започнале, Сон по примерот на Бекам се враќа во Европа

Поранешната ѕвезда на Тотнем, Сон Хјонг Мин наскоро би можел да се врати во Европа и тоа во редовите на Барселона, најавуваат медиумите во САД.

Според најавите, Сон е подготвен да ја искористи клаузулата која стана позната со Дејвид Бекам. Имено, Сон би играл за Барселона за време на паузата во шампионатот како позајмен фудбалер без да го раскине договорот со Лос Анџелес.

На тој начин би ја одржувал натпреварувачката форма, Барселона наводно веќе започнала преговори. Ќе потсетиме, Бекам на таков начин го носеше дресот на Милан.