Корберан го испофали Столе: Многу ми помага во соблекувалната

Maкедонскиот голман, Столе Димитриевски вчера за првпат беше стартер на голот на Валенсија уште од февруари и тоа во шпанскиот Куп против Марсена.

Валенсија победи со 5-0, а по натпреварот, иако не му дава премногу шанса тренерот на Валенсија, Карлос Корберан имаше пофалби за Димитриевски.

„За Димитриевски би кажал само позитивни работи, одлично го контролираше натпреварот. Можев да видам како презема иницијатива и дава поддршка на помладите. Столе ми е од голема помош во соблекувланата и задоволен сум како одигра“, изјави Коберан.

Сепак, и покрај ваквите зборови на Корберан засега не се очекува дека Димитриевски ќе добие шанса да брани во Ла Лига.