Ветеранот Калатес е ново засилување на Партизан!

Српскиот кошаркарски гигант Партизан официјално се засили со плејмејкерот Ник Калатес. Ветеранот доаѓа од редовите на Монако, каде што претходно не беше во прв план на тренерот Василис Спанулис.

Повредата на Карлик Џонс отвори простор во составот на Партизан, кој без многу двоумење се реши за ангажманот на искусниот кошаркар.

Ова е второ засилување за Партизан во неколку денови, откако претходно го ангажираа Бруно Фернандо од Реал Мадрид.