Рајковиќ ги провоцираше навивачите на Ал Наср, па ќе добиеше шише во глава (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо заедно со Ал Наср беше поразен од Ал Итихад со 1-2, а по натпреварот се случи вистински хаос во кој главен виновник беше голманот Предраг Рајковиќ.

Рајковиќ ги провоцираше навивачите на Ал Наср и им порача да замолчат, а тие му одговорија со навреди, но и со предмети кои „полетаа“ кон теренот.

Српскиот чувар на мрежата притоа за малку избегна да биде погоден со шише во глава, но тоа не го спречи да продолжи со провокациите.