Хорор повреда за УФЦ-шампионот: Аспинал не може да гледа со едното око!

Одбраната на титулата во УФЦ во тешка категорија за Том Аспинал заврши на непосакуван начин, односно без победник и со тешка повреда.

Главната борба на УФЦ 321 беше прекината, откако Сирил Ган со раката удри директно во очите на Апсинал, по што судијата мораше да ја прекине борбата.

„Том е во лоша состојба. Окото му е повеќе затворено во моментов. Со десното око уште не може да гледа. Го тестираа и ништо не гледа. Со левото око има само 50 отсто видливост“, открива таткото на борецот.

Фото: EPA