Роналдо на несекојдневен начин се мотивираше пред да изведе слободен удар (ВИДЕО)

Ал Наср беше поразен од Ал Итихад во Кинг Купот на Саудиска Арабија, а интересен момент беше забележан во завршницата кога Кристијано Роналдо требаше да изведе слободен удар.

При негатива од 1-2 на неговиот тим, во судиското надополнување, Роналдо се мотивираше самиот себеси пред да го изведе слободниот удар, меѓутоа на крајот ниту тоа не му помогна да го спаси Ал Наср од пораз.

„Ќе постигнам гол, ќе постигнам гол“, си викаше Роналдо пред да испрати удар.