Милвоки губеше со 17 разлика, а потоа на сцена стапи - Адетокумпо (ВИДЕО)

Екипата на Милвоки Бакс ја оствари третата победа во четвртиот натпревар од новата сезона откако на домашен терен го победи Њујорк со 121-111.

Гостите водеа речиси цело прво полувреме, а пред неговиот крај имаа и +17 (69-52) и се чинеше дека без поголеми проблеми ќе дојдат до победата. Но, Милвоки во своите редови има еден од најдобрите кошаркари во светот, Јанис Адетокумпо се разигра во вториот дел и одлучи да ги преземе работите во свои раце.

Почна да погодува тешки шутеви од свртување, да се пробива и да го наоѓа патот кон кошот, а на 30 секунди пред крајот, моќно ја заби топката во обрачот за заверка на триумфот. Со тоа ја поништи одличната игра на главните кошаркари на Њујорк, Брансон и Бриџис кои долго време го носеа својот тим.

На крајот, грчкиот репрезентативец постигна 37 поени со одличен шут од игра (16/22), а додаде уште осум скока и седум асистенции за 37 минути во игра. Џејлен Брансон беше најефикасен кај Њујорк со 36 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Филаделфија 134-139
Мајами – Шарлот 144-117
Милвоки – Њујорк 121-111
Оклахома – Сакраменто 107-101
Голден Стејт – ЛА Клиперс 98-79