Спалети го прифатил клучниот услов, нема повеќе пречки за да го преземе Јувентус

Искусниот италијански стручњак Лучано Спалети најверојатно утре ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус откако го прифатил клучниот услов за преземање на новата функција.

 

Раководството на торинскиот клуб инсистираше тој да потпише краткорочен договор, до крајот на оваа сезона, а за евентуално продолжување на соработката да се преговара потоа. Всушност, Јувентус понуди договорот автоматски да биде продолжен ако Спалети успее да ја однесе екипата во Лигата на шампионите, а тој го прифатил овој предизвик.

Во случај 66-годишниот стручњак да одбиел, Јувентус имал план-Б, поранешниот тренер на Монца и Фиорентина, Рафаеле Паладино кој од 2004 до 2008 година беше играч на торинскиот гигант.