Барселона како патувачки циркус - ќе игра ревијален натпревар во Перу

Финансиските проблеми што ја зафатија Барселона последните години придонесоа каталонскиот клуб често да прифаќа ревијални натпревари со цел да ја наполни касата и да обезбеди пари за плати.

Во таа насока е и мечот кој екипата најверојатно ќе го игра во Перу од каде стигнала понуда за гостување. Ако ја прифати, Барселона ќе заработи 7-8 милиони евра, сума што во моментов одлично ќе ѝ дојде и тоа е прилика која менаџментот не сака да ја пропушти.

Претседателот Жоан Лапорта ги информирал тренерот Ханси Флик и капитените на екипата дека понудата ќе биде прифатена што значи дека Барселона сезонава (се уште не се знае точно кога), ја очекува патување во Јужна Америка.