Димитриевски ја сочува мрежата, Валенсија со „петарда“ во следната фаза од Купот
Клубот од Местаља обезбеди пласман во следната фаза од Копа дел Реј откако вечерва на гостински терен го совлада нисколигашот Маракена со 5-0. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, а по еднаш противничката мрежа ја тресеа Дуро, Раба, Лопез, Риоха и Данхума.
Рекордот на сезоната го оствари Гетафе кој на гостувањето кај Интер де Валдеморо вечерва победи со 11-0.