Барса му забрани на Јамал да зборува, откажано е едно него интервју

Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал доби забрана јавно да зборува извесен период, како последица на изјавата што ја даде пред Ел Класико во врска со Реал, а која наиде на лавина критики во јавноста.

Крилниот играч поради тоа се соочи со гневот на навивачите, а доби критики и од раководството на Барселона. Деновиве тој имал закажано интервју за еден шпански медиуми, но од клубот добил забрана за појавување во јавноста и разговорот е одложен за некои подобри времиња. 

Главна цел на Барселона е сега да го врати Јамал во ланската форма и што побрзо да се заборави шокот од Ел Класико.