Падна и Војводина, ТФТ до нова победа во АБА 2 (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ Скопје денеска го запишаа вториот триумф во АБА 2 лигата во исто толку натпревари, а славеа над српска Војводина со 75-71

Во најголем дел од натпреварот гостинските кошаркари имаа водство, но ТФТ не дозволуваше таа разлика да биде преголема, а на моменти и тие беа во предност. По првиот период на семафорот резултатот беше изедначен (19-19).

Слична слика на теренот гледавме и во втората четтвртина, Војводина одново поведе и тоа водство одеше до седум поени, македонскиот претставник потоа одново се врати и изедначи, но на полувреме српскиот тим сепак имаше водство од 39-37.

Неизвесната борба продолжи и во третиот период, па така победникот се решаваше во последната четвтина во која предноста на Војводина остана на два поени (58-56).

И тука во првата половина од четвртина Војводина беше таа која има водство, но потоа завршните моменти му припаднаа на ТФТ кој така дојде до вториот триумф во ова натпреварување откако претходно славеа над Раднички на гости (84-78).

Џастин Гордон со 21 поен и девет асистенции беше најефикасен кај тимот од Тафталиџе, додека Клајевиќ на спротивната страна броеше до 19, додавајќи осум асистенции.