Роналдо се посрамоти, шутираше како аматер! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср и Ал Итихад во Саудиска Арабија го играат осминафналето од Купот, а во овој натпревар видовме и едно големо промашување на Кристијано Роналдо.

На стартот од вториот дел Роналдо влезе во идеална прилика и во 53. минута можеше да погоди за 2-2 и да донесе израмнување за својот тим, но место тоа беше ужасно лош во завршницата, па голманот на Ал Итихад го одбрани неговиот удар.

Претходно за Ал Итихад во листата на стрелци се запиша неговиот поранешен соиграч Карим Бензема.