Баерн со мега-пресврт го победи Реал, европскиот шампион потона во Валенсија
Германскиот првак одигра одлично второ полувреме во кое на Реал му дозволи само 27 поени и тоа беше клучно за големиот триумф. Гостите во првиот дуел не само што го диктираа темпото, туку имаа предност и од 16 разлика во финишот од вториот период (57-41). Баерн потоа направи две серии од по 8-0, а пред крајот на третата четвртина веќе го презеде водството.
Баерн имаше можност да го победи Реал и со двоцифрена разлика, но шпанскиот првак во последните секунди погоди две тројки, па се избори за попристоен пораз.
Убедлив пораз вечерва доживеа актуелниот европски шампион Фенербахче кој загуби од Валенсија со 79-92. Домаќините водеа и со 22 поена во третата четвртина и не му дадоа шанса на бранителот на титулата да се понадева на триумф на овој меч.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда - Асвел 79-65
Жалгирис - Виртус 86-65
Баерн - Реал 90-84
Панатинаикос - Макаби 99-85
Барселона - Милано 74-72
Басконија - Дубаи 92-85
Париз - Анадолу Ефес 80-90
Валенсија - Фенербахче 92-79