Звезда гази се пред себе, врза и пет победи во Евролигата!
Францускиот тим рамноправен противник беше само во првата четвртина по која „црвено-белите“ имаа предност од 21-17. Во продолжени избраниците на Обрадовиќ доминираа и многу брзо дојдоа и до двоцифрена предност.
Веќе на паузата предноста на Звезда изнесуваше 14 поени разлика (39-25). Доминацијата продолжи и по враќањето на паркетот, па така во последната четвртина Звезда влезе со огромна предност од 62-40 и веќе беше јасно дека одличната низа која започна со доаѓањето на Обрадовиќ ќе продолжи.
Во последниот период Асвел само успеа да го ублажи поразот, но не и сериозно да ја загрози победата на српскиот гигант.
Нигериецот Монеке беше најефикасниот на паркетот со 24 поени, седум скока и три асистенции, додека кај Асвел Ајник уфрли 13. Звезда по овој триумф дојде до третата позиција во Евролигата, а во следното коло ќе се соочи со Макаби.
Жалгирис во вториот натпревар кој се играше во истиот термин беше подобар од Виртус со 86-65.