Модриќ го одигра најлошиот натпревар откако потпиша за Милан

Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Аталанта, а италијанските медиуми се согласни дека ова беше најлошиот меч за Лука Модриќ откако се пресели во Серија А.

Навивачите на Милан, а и сите фанови на Серија А се навикнаа на добри партии на Лука Модриќ во кои често беше прогласуван и за играч на натпреварот, но овојпат не беше така.

Хрватскиот фудбалер ги одигра сите 90 минути против Аталанта и статистички ова му беше најлош натпревар.

Мечот го заврши со 46/50 точни додавања, 1/3 прецизни долги топки, 10 загубени топки и 3/8 освоени дуели. Го заработи и првиот жолт картон откако пристигна во Милан.

„Софаскор“ му даде оценка 6,7 што е убедливо најслаба оцена откако е играч на Милан. Претходно никогаш немаше под 7.