Ќе има суспензија за судиите кои му свирнаа пенал на Наполи против Интер!

Информациите од Италија велат дека судијата Маурицио Мариани и неговиот помошник Даниеле Биндони нема да бидат делегирани во следното коло од Серија А поради досуден контроверзен пенал за Наполи во победата од 3-1 над Интер.

Од таборот на нероаузирте се жалеа на одлуката Наполи да добие пенал на пет минути пред крајот на првото полувреме.

Џовани Ди Лоренцо се најде во шенаесетникот и падна по еден контакт со Мхитаријан. Се смета дека Ди Лоренцо барал контакт, а Мхитарјан не направил никакво движење за да го удри.

Според „Газета дело Спорт“, пеналот не требало да биде досуден.

Асистентот Биндони бил оној кој го сигнализирал пеналот кој главниот судија Мариани не го досуди, но потоа по прегледување на ВАР снимката се предомисли и свирна најстрога казна.

Биндони е по најголеми критики бидејќи тој е оној кој го сигнализирал пеналот, но се критикува и Мариани затоа што ја променил својата одлука.

Италијанските медиуми пишуваат дека и двајцата нема да бидат делигирани во следното коло од Серија А.