Фиорентина уште ќе чека на прв триумф, со два пенали се спаси од пораз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина со два гола од пенал успеаа да избегнат пораз на домашен терен против Болоња и ремизираа 2-2.

Болоња го отвори резултатот во 25. минута од средбата кога стрелаше Кастро и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. По само седум минути игра во вториот дел, Болоња дојде и до втор гол преку Камбиањи.

Првиот пенал Фиорентина го доби во 73. минута кога го реализираше Гудмудсон. Десет минути подоцна проблемите за гостите се зголемија бидејќи исклучен беше Холм.

Болоња и така беше блиску до победа, но во третата минута од судиското продолжение, Фиорентина доби нов пенал кој во гол го претвори Кин. Фиорентина сезонава и по осум кола е без победа, а со четири бода се наоѓа на 18-таата позиција, Болоња е петта со 14.