Работнички се врати од „минус 13“ во Гевгелија и врза две победи!

Кошаркарите на Работнички ја врзаа и втората победа во низа откако денеска во рамките од четвртото коло славеа над Кожуф на гостински терен со 86-81.

Тимот од Гевгелија има за што да жали бидејќи дозволи да испушти предност од највисоки „плус 13“ , а освен тоа и во најголем дел од натпреварот тие беа тимот кој имаше водство.

По првиот период на семафорот стоеше 24-18 во корист на домашниот состав, а со подобрата игра Кожуф продолжи и во втората четвртина кога ги достигна тие 13 поени предност на двапати.

Работнички сепак, брзо се врати и по третиот период имаше негатива од четири разлика (44-40).

И во третиот период Кожуф успеваше да ја оддржува предноста, па така во последниот период влегоа и со водство од 69-61.

Кога требаше само да го приведат натпреварот кон крајот, скопскиот тим се разбуди направи пресврт и дојде до втората победа во низа по победата над Тиквеш во претходното коло.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Куманово на свој терен славеше над Ангели со убедливи 109-67.