Чуамени: Сакам кога Јамал зборува, фудбалот се игра на терен

Реал Мадрид славеше победа во денешното дерби против Барселона со резултат 2-1, а „кралевите“ по натпреварот не ги забораваат и провокациите на Ламин Јамал.

Тинејџерот на каталонскиот гигант беше премногу самоуверен и испраќаше провокации, меѓутоа на теренот денеска речиси и ништо да не покажа. Фудбалерот на Реал Мадрид, Орлилен Чуамени истакна дека коментарите на Јамал за него биле само дополнителна мотивација.

„Сакам кога зборува Јамал, нека зборува, така ме мотивира. Натпреварот се игра на теренот“, изјви Чуамени по натпреварот.

Со оваа победа Реал Мадрид дојде до 27 бода, пет повеќе од Барселона на втората позиција.