Ако го послушавте Алкараз за „Ел Класико“ - добро ќе заработевте!

Реал Мадрид денеска стави крај на негативната низа во натпреварите против Барселона и на свој терен славеше победа од 2-1, а исходот на овој натпревар го погоди тенисерот Карлос Алкараз.

Имено, шпанскиот тенисер, пред натпреварот доби прашање од новинарите да го прогнозира дербито, а Алкараз „типуваше“ на „кралевите“, освен само победата, тој го погоди точниот резултат и стрелците.

„Реал Мадрид ќе победи со 2-1, головите ќе ги постигнат Мбапе и Белингем“, изјави Алкараз.

Мбапе и Белингем стрелаа во првото полувреме, додека единствениот гол за Барселона беше дело на Фермин Лопез.

ФОТО: EPA PHOTO