Играчите на Реал го нападнаа Јамал, Винисиус се врати да се тепа со него (ВИДЕО)

Изјавата што ја даде Ламин Јамал на неколку дена пред Ел Класико очигледно му направи контрауслуга на неговиот тим, а особено на него самиот.

Младиот Шпанец рече дека „Реал ем краде, ем плаче“, па фудбалерите на мадридскиот тим излегоа на терен како кучиња пуштени од ланец, решени по секоја цена да дојдат до победата. Помош во тоа имаа и поради фактот што Барса настапи без седуммина стандардни првотимци, но сите од Реал беа одлучни да му го направат пекол животот на Јамал.

Првата ѕвезда на Барса беше тотално изолирана, не одигра ништо, а по завршувањето на мечот и вербално го нападнаа противничките играчи. Прво тоа го направија Карвахал и Куртоа кои му порачаа дека сега е време да зборува, а највоинствен од сите беше Винисиус кој се врати од соблекувалната каде замина кога Чаби Алонсо го извади од игра и тргна кон Јамал.

Ескалација на судирот спречија другите фудбалери на Барселона, како и Чаби Алонсо кои застанаа меѓу завојуваните страни и не дозволија да продолжи судирот. Јамал, сепак, продолжи да се расправа со Винисиус и му порача дека го чека во соблекувална на физичка пресметка.