„Бомба“ од слободен удар, првенец за Митровски во Олимпија! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Димитаар Митровски во денешниот натпревар против Домжале го запиша својот првенец за Олимпија Љубљана и тоа од слободен удар.

Се играше 22. минута од натпреварот кога Митровски стрелаше со силен удар од слободен удар. Гостите на крајот сепак со пресврт и два гола во вториот дел стигнаа до победата.