Двојна радост за Норис во Мексико, Британецот е нов лидер!
Британецот со денешната победа дојде и до лидерската позиција која ја презема од тимскиот колега Оскар Пјастри. Трката донесе интереен старт, Леклер кратко и ја презема првата позиција од Норис, меѓутоа многу брзо се врати, по што не ја изгуби и до крајот.
Покрај победникот, Норис еден од возачите кои ја обележија денешната трка беше Оливер Берман, младиот Британец успеа да заврши веднаш зад водечкото трио на четвртата позиција што е негов најдобар пласман во кариерата.
Пјастри трката ја заврши како петти, а зад него следеа: Антонели, Расел, Хамилтон, Окон и Бартолето.